ПОЗДРАВЕН ЧАВКОВ КОЈ СНИМА И МВР ПРОДУКЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОЗДРАВЕН ЧАВКОВ КОЈ СНИМА И МВР ПРОДУКЦИЈА

    На протестот пред Собрание организаторите ги повикаа неутралните да се приклучат и потсетија дека тоа треба да го направат поради случајот на Тамара од Велес, поради родилките кои починаа во болници, поради случајот на новинарот Томислав Кежаровски и многу други.

    „Поздрав до заменик – министерот Митко Чавков кој снима и МВР продукција“, беа зборовите со кои организаторите се обратија на насобраниот народ.

    Антивладините демонстранти го почнаа протестот со шарање на фасадата на Министерството за правда. Фрлаа балони со боја и на канцеларијата на Претседателот Ѓорѓе Иванов во Центар.

    Една група демонстранти пред канцеларијата гореше слики од Претседателот. „Апсете, снимајте, не се плашиме“, порачаа.

    Гласно бараа оставака од него и повторно скандираа „Нема правда, нема мир“.

    Шарените револуционери вечерва се најопремени. Место само со балони боја, како досега, тие вечерва дојдоа со цели канти поликолор.

    На вчерашниот протест, уште пред седиштето на Специјалното обвинителство во Скопје му се придружиија и претставници на Сојузот на борците, а дополнителен револт предизвика и тоа што синоќа на Здравко Савески и Владимир Куноски, членови на раководството на „Левица“, судот им одреди мерка домашен притвор и одземање на пасошите. Членовите на „Левица“ се меѓу најактивните организатори на протестите.

    Антивладините протести продолжија и низ цела Македонија. Шарената револуција вечерва прв пат се појави во Тетово, во Радовиш и во Кичево.

    Денес е четиринаесеттиот ден од почетокот на демонстрациите организирани од граѓанската организација „Протестирам“. Граѓаните бараат повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), итна и неотповиклива оставка на претседателот Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари