ПРАШАЊЕТО ЗА БЕГСТВОТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТРЕБА ДА СИ ГО РЕШАТ СКОПЈЕ И БУДИМПЕШТА, РЕЧЕ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ

    ПРАШАЊЕТО ЗА БЕГСТВОТО НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ ТРЕБА ДА СИ ГО РЕШАТ СКОПЈЕ И БУДИМПЕШТА, РЕЧЕ ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ЈЕНС СТОЛТЕНБЕРГ„Во Скопје веќе се тркала топката, почнати се процедурите за уставни измени. Кога тоа ќе заврши, ќе бидеме во можност да го потпишеме пристапниот договор“, Јенс Столтенберг на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел - (Фото: НАТО)

    Прашањето за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија треба да си го решат заеднички Будимпешта и Скопје, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел.

    На прашање за каков кредибилитет на НАТО зборува, кога баш земја на НАТО, како што е Унгарија, му даде засолниште на поранешниот македонски премиер кој е осуден во процес поврзан со корупција, а против него се водат и повеќе други судски постапки Столтенберг рече: „Не е мое да го коментирам тоа. Тоа прашање треба да си го решат Будимпешта и Скопје.

    Најавувајќи го состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во седиштето на Алијансата во Брисел, генералниот секретар Столтенберг, покрај главната тема – дестабилизирачкото однесување на Русија кон Украина и Грузија, најави и други теми, меѓу кои и посебен состанок за Западен Балкан.

    „Западниот Балкан е од клучно стратешко значење и за ЕУ и за НАТО“, рече Столтенберг и најави дека на тој состанок ќе учествува и високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини.

    Тој рече дека во се гледа „прогресот што го прави Скопје за да стане 30-та членка на НАТО“ и сега останува „на властите во Скопје да го имплементираат договорот за името“. „Во Скопје веќе се тркала топката, почнати се процедурите за уставни измени. Кога тоа ќе заврши, ќе бидеме во можност да го потпишеме пристапниот договор“, рече Столтенберг.

    На состанокот е поканет и министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров.

    Г. МИХАЈЛОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира