ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ОД СОБРАНИЕТО СО ОКЛОПНИ ВОЗИЛА

    ПРАТЕНИЦИТЕ ИЗВЛЕЧЕНИ ОД СОБРАНИЕТО СО ОКЛОПНИ ВОЗИЛАНеколкумина пратеници беа повредени од демонстрантите во парламентарната зграда. - Од евакуацијата на пратениците (Фото: СДК.МК)

    И последните пратеници пред малку беа извлечени од Собранието со оклопни транспортери на полицијата, јавија репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Неколкумина од пратениците на мнозинството беа повредени вечерва, откако демонстранти влегоа во зградата на парламентот по изборот на Талат Џафери од ДУИ за нов собраниски спикер.

    Полицијата, која првично беше во многу мал број, им дозволи на демонстрантите да влезат во Собранието и физички да нападнат пратеници на СДСМ, ДУИ и АА, и притоа неколкумина со црни маски зборувале со полицајците додека останатите демонстранти влегувале насилно во Собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира