ПРАТИ МУ ГО ОВА НА ЧАВКОВ ДА НЕ НЀ ПРИВЕДАТ, МУ ПИШАЛЕ ОД УМС НА ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ПРЕД 27 АПРИЛ

    ПРАТИ МУ ГО ОВА НА ЧАВКОВ ДА НЕ НЀ ПРИВЕДАТ, МУ ПИШАЛЕ ОД УМС НА ЈОХАН ТАРЧУЛОВСКИ ПРЕД 27 АПРИЛПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јохан Тарчуловски на судење за организираниот напад во Собранието на 27 април, каде е еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. (Фото: СДК.МК)

    На денешното судење за организираниот напад во Собранието на 27 април лани се читаат телефонски пораки како дополнителни докази на Обвинителството за организиран криминал.

    Пораки од 1.03.2017 година, вибер група на УМС НА ВМРО-ДПМНЕ.

    Даре УМС Бутел пишува: „Херој, ова можеш да го пратиш до Чавков“.

    Истото лице: „Да не нè приведат“.

    Јохан Тарчуловски испраќа: „Ок“.

    Даре УМС му враќа смајли.

    Даре повторно: „Да не одат дома по децава, па и девојче едно“.

    „Инспекторот што нè легитимираше вчера, сега влегол кај директорот на Музеј, он е одговорен за Порта Македонија“.

    Даре: „Ваљда ќе го прашува како сме се качиле горе“.

    Во март Даре пишува: „Херој, на двајца им стигнало. За утре“.

    „Што да прават?“.

    „Да го прашаме Митко или?“

    Јохан: „Ќе му пишеш, или јас, да му пишам?“.

    На 21.04.2017 година Даре на Јохан му праќа:

    „Херој, денеска беше завршното во судот во Охрид, те молам уште еднаш да му пишеш на претседателот на судот“.

    „Што да пишам?“

    „Тој денеска дојде со адвокат. Му вика на тој со него: Ај уште малку, ќе паднат. Да го потсетиш претседателот дека сите сведоци што ги предложил тој, рекоа дека ништо не виделе“.

    Јохан одговара: „Ок“.

    Јохан: „Милчо ли се викаше?“

    Даре: „Да, да. Милчо“.

    На 27 април во 18.25 часот, Даре му праќа на Јохан: „Како е? “.

    Јохан: „Не си одат.”

    Даре: „Ние сме тука“.

    Јохан: „Мора и одпозади да има луѓе“.

    Даре: „Кај АРМ? “.

    Јохан: „Да, тука им се колите“.

    Даре: „Ок“.

    Во 18.27 часот Јохан му пишува: „Појак притисок! “.

    Даре: „Ок, ок. Што има? Пиши ми“.

    Јохан: „Нема пролаз“.

    Даре: ” Хехехе. Нека поминат сега. Хаос е надвор“.

    На 22.08.2018 година скриншотови од комуникации:

    Јохан и Борис од кабинетот на Иванов на 1 февруари 2018 година си пишуваат: „На спрат сум“.

    „Не попуштаат. Повикуваат по станици. Не стојат на ветеното“, му пишува Јохан на Борис.

    Пораки на Христијан Мицкоски од 10.01.2018 година.

    „Последното инфо од денес е повторно позитивно, дека утре и задутре ќе се решава. А имаат ли сите жалби поднесено?“, му пишува Мицкоски на Јохан.

    „Да, сè е комплетно. За сите 36“, му одговара тој.

    „Детали не знам, само знам дека Дончо е во тек и дека сите поднесоа“, додава обвинетиот Тарчуловски.

    Вибер пораки меѓу Мицкоски и Јохан на 26.12.2017 година.

    „Не било фер, ни коректно да се враќаме во Собрание, без да ги пуштат затворените луѓе. Ќе биде контраефект, ќе почнат поголеми напади и плукање по нас“, му пишува Јохан.

    „На тие луѓе внатре ние сме им последна шанса да излезат. Го очекуваат тоа од нас“

    „Јохан, не знам како ти е пренесено, но работиме токму на тоа“.

    „Тогаш, сè е ок, важно да не се попушти пред ослободување на луѓето “.

    На 29.12.2017 година, Јохан му пишува на Мицкоски: „Имаме нешто ново?

    Мицкоски: „Јохан, ние го направивме нашето, сега до него е. Му пишав дека ние сме завршиле, ми прати позитивен одговор“.

    Пораки во вибер група.

    Василевски: „Би сакал да го поздравите една група кај него нашиот претседател Ѓорге“.

    „Јас ќе одам на распит, вие организирајте се“.

    Антонијо: „Не рекле џабе старине: неосуден арамија З.З., посилен од кадија!“.

    Пораки од 29.11. 2017 година.

    Сашо Василевски во вибер група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кажува дека ќе оди на распит во Обвинителството и пишува: „Само Ѓорге може ова да го реши“.

    Имаат обвинетите пратеници и надеж во средбата меѓу Х.М. и З. З.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира