ПРЕГОВОРИТЕ СО СДСМ НЕ СЕ ВО ЛОШ ПРАВЕЦ, РЕЧЕ АХМЕТИ

    ПРЕГОВОРИТЕ СО СДСМ НЕ СЕ ВО ЛОШ ПРАВЕЦ, РЕЧЕ АХМЕТИАхмети не сакаше да каже детали од преговарачкиот процес, но рече дека тие биле поставени од интересите на граѓаните.(Фото: СДК.МК)

    ДУИ е фактор на стабилност во државата и нема да делува со притисоци, кажа лидерот на партијата Али Ахмети за преговорите со СДСМ околу формирањето на новата влада.

    Ахмети како и претходно Заев не сакаше да каже детали од преговарачкиот процес, но тие биле поставени од интересите на граѓаните.

    „ ДУИ работи со ладна глава и огнено срце. Преговорите ги водат партии со големо политичко и преговарачко искуство. Работите не се во лош правец, работите се толку блиску колку што се и далеку. ДУИ е фактор на стабилност во државата, нема да делува со притисоци туку ќе најдеме правилен пат за да служиме на државата и колку што можеме полесно да ги надминеме сите потешкотии со кои се соочуваме како последица на коронавирусот. Во оваа земја сме биле и секогаш ќе останеме конструктивни, а не невидливи непријатели како што е ковид-19“, рече Ахмети.

    Заев кој го доби мандатот од претседателот Стево Пендаровски за состав на влада најави дека денес ќе има нова средба со Ахмети.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира