ПРЕМИЕРОТ СЕ ПЛАШИ ДА ИМ КАЖЕ ДОБАР ДЕН, А НЕ ОСТАВКА ДА ИМ ПОБАРА НА КРИМИНАЛЦИТЕ ОД ДУИ, КАЖА ПРАТЕНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ

    ПРЕМИЕРОТ СЕ ПЛАШИ ДА ИМ КАЖЕ ДОБАР ДЕН, А НЕ ОСТАВКА ДА ИМ ПОБАРА НА КРИМИНАЛЦИТЕ ОД ДУИ, КАЖА ПРАТЕНИКОТ СТОЈАНОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕПремиерот од место довикуваше дека Стојаноски го навредува од собраниската говорница, по што излезе од салата. (Фото: К. Попов)

    Претениците од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки и Бојан Стојаноски денеска од собраниската говорница се искараа со премиерот Димитар Ковачевски околу владиниот коалиционен партнер ДУИ. Најпрво Ковачки го праша Ковачевски како е можно внукот на Али Ахмети, Дритон на 24 години да го купи трговскиот центар „Соравија“, дали ќе побара надлежните институции да постапат и дали ќе бара оставка од лидерот на ДУИ Ахмети.

    Ковачевски му одговараше дека сите институции постапуваат соодветно за сите случаи и дека нема право да бара оставка од Ахмети, бидејќи тој како пратеник е избран од граѓаните на непосредни избори.

    Потоа пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски го праша премиерот зошто не бара оставка од градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој е ставен на црната листа на САД. Ковачевски му рече дека ги повикува сите домашни институции да постапат и да ги истражат наводите  во однос на работењето на Мерко.

    По овој одговор на премиерот, Стојаноски му рече дека се плаши од криминалците на ДУИ, дека изигрува циркузант на говорницата бранејќи ги нивните криминали и дека ова Влада ја води Артан Груби.

    Се плашите, оти ако побарате оставка криминалците ќе ја напуштат коалицијата и ќе треба да одите на избори. Овој премиер се плаши да им каже добар ден, а не да им побара оставка. Вие изигрувате циркузант во наоѓањето оправдување за нив. Се плашите и немате храброст да побарате оставка од криминалец кој е ставен на црна листа на САД. Но, кога ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт сите тие криминалци ќе биде изведени пред правдата“, кажа Стојаноски.

    По ова премиерот од место довикуваше дека Стојаноски го навредува од собраниската говорница, по што излезе од салата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира