ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД КОВИД ОБЈАВЕНИ НА САЈТОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ЗА ИВЕРМЕКТИНОТ НЕМА НАУЧНИ ДОКАЗИ ДЕКА ПОМАГА

    ПРЕПОРАКИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ ОД КОВИД ОБЈАВЕНИ НА САЈТОТ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ЗА ИВЕРМЕКТИНОТ НЕМА НАУЧНИ ДОКАЗИ ДЕКА ПОМАГАОбјавените препораки се верзија од септември 2021 и тие ќе претрпуваат промена како што интернационалните научни сознанија ќе се менуваат, рече д-р Петличковски. (Фото: СДК.МК)

    Од денес, препораките за лекување на ковид-19 се достапни на сајтот на Министерството за здравство, со цел сите лекари вклучени во лекувањето на оваа болест на едно место да можат да се информираат од релевантни извори. Од Комисијата за заразни болести рекоа дека препораките и до сега постоеја, но дека имаа проблем со нивната дистрибуција. Препораките не се обврзувачки, но нудат инфорамции како да се постапи во секоја фаза од болеста во однос на тестирање и лекување, според искуствата и практиките на светски познати здруженија на инфектолози.

    „Објавените препораки се верзија од септември 2021 година и тие ќе претрпуваат промена како што интернационалните научни сознанија ќе се менуваат. Немаат обврзувачки карактер, но се тука да послужат за од едно место да се црпат релевантни информации, а да не доаѓаме во ситуации некој лекар да советува терапија која не е препорачана, во прв ред мислам на ивермектин и да е прашање и денес дали овој лек е во некој протокол, препорака или не е. Во овие препораки за иверменттинот нема научни докази дека тој помага за ковид“, рече претседателот на Kомисијата д-р Александар Петличковски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира