ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПОТКУП“ ПРОТИВ ЗАЕВ

a:1:{s:9:"td_source";s:43:"Скопје,(САКАМДКАЖАМ.МК)

    ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПОТКУП“ ПРОТИВ ЗАЕВ

    Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да продолжи судскиот процес против лидерот на СДСМ и на опозицијата Зоран Заев. На минатото рочиште Заев и одбраната побараа изземање на обвинителот Владимир Милошевски од овој случај, бидејќи, како што рекоа, СЈО има отворено предистражни дејствија за монтирање на случај „Поткуп“ против Заев.

    Јавното обвинителство за организиран криминал експресно го одби барањето за изземање на обвинителот Владимир Милошевски поднесено од обвинетиот Заев и неговата одбрана во случајот „Поткуп“, а СЈО потврди дека има отворено истрага за кривичната пријава од СДСМ против обвинителот за монтирање случај против лидерот на партијата, но негира дека води истрага за конкретниот обвинител.

    Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, со потпис на јавниот обвинител Златко Бикоски, кој пред СЈО да го преземе предметот „Пуч“ беше застапник на обвинението против Заев, Зоран Верушевски и останатите, го одби барањето на одбраната на лидерот на СДСМ да биде изземен обвинителот Милошевски.

    Заев и неговите адвокати бараа изземање на Милошевски, бидејќи, според нив, од политички мотиви тој е учесник во злосторничко здружување за да се монтира случајот „Поткуп“. Го обвинија него дека ја дал снимката од ПИ-мерките против Заев во јавноста, дека со месеци го тормозел неговото семејство со објавената видеоснимка, а во предвечерието на изборната кампања повел истраги против негови соработници од Општина Струмица, против високи функционери на СДСМ.

    По ова, СЈО во соопштение појасни дека конкретно против обвинителот Милошевски не води постапка, но дека отворило постапка за истражување на сомневања за монтирање случај против Заев.

    „До ова Јавно обвинителство доставена е кривична пријава од политичката партија СДСМ против јавниот обвинител  Владимир Милошевски и други непознати лица, за која е оформен предмет во ова Јавно обвинителство. Предистражната постапка по овој предмет не се води против конкретно лице, туку се води како настан во рамки на кој се испитуваат евентуални кривично-правни аспекти поврзани со наводите во кривичната пријава. Според тоа, не се точни информациите дека против обвинителот Владимир Милошевски се води предистражна постапка во ова Јавно обвинителство“, соопшти СЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира