ПУШТИ АБЕР ДА СЕ ПРАВАТ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА И ДРУГИ ФИНТИ ЗА ДА МОЖЕМЕ ПОСЛЕ ДА СЕ СУДИМЕ, БАРА ГРУЕВСКИ ОД ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ 2013

    ПУШТИ АБЕР ДА СЕ ПРАВАТ НЕВАЖЕЧКИ ЛИВЧИЊА И ДРУГИ ФИНТИ ЗА ДА МОЖЕМЕ ПОСЛЕ ДА СЕ СУДИМЕ, БАРА ГРУЕВСКИ ОД ЈАНАКИЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ 2013Во бомбите се слуша и дека секој човек сега му е важен на ВМРО-ДПМНЕ, „и живи и мртви, сите“. - Никола Груевски на пауза од судење за „Титаник“ (Фото: Ѓ. Личовски)

    Изборниот ден на локалните избори во март 2013 година е завршен, а обвинетото раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски не е задоволно со резултатите, бидејќи Општина Центар не е добиена и ќе има втор круг, се слуша во прислушуваните разговори на судењето за предметот на СЈО „Титаник“.

    Во бомбите се слуша и дека секој човек сега му е важен на ВМРО-ДПМНЕ, „и живи и мртви, сите“.

    Во разговор со Јанакиески, Груевски кога дознава дека нема победа во Центар во првиот круг и дека ќе се оди во втор, па му вели: „Пушти абер кај нашиве што поише неважечки ливчиња да прават, и други финти, за да можеме после да се судиме“.

    Во меѓувреме, според бомбите, не се чека со да се почне притисоците за гласање за вториот круг од локалните избори. Товарот е насочен најмногу кон членството на ВМРО-ДПМНЕ и вработените во администрацијата.

    Така, Јанакиески во разговор со соговорник предлага да ги викнат последните примени во администрацијата и да ги предупредат дека ако не гласаат и не обезбедат гласачи и ако победи Андреј Жерновски, ќе бидат избркани од работа.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира