Премиерот и претседател на владејачката СДСМ Зоран Заев препорача да се сменат работите во ВМРО-ДПМНЕ, на прашањето што мисли за најголемата опозициона партија и дали смета дека треба и таму треба да се случат промени.
„Работев со Никола Груевски, ова сега таму што го има, е полошо“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на состанокот на Ценралнот одбор на партијата на кој се разрешени 6-мината потпретседатели и генералниот секретар Александар Кирацовски.
„Мое не е да ја оправам опозицијата, туку да посакам подобра опозиција, што ќе ја критикува власта подобро да работи“, рече Заев.
Тој кажа дека СДСМ имал доблест да ги слушне критиките од граѓаните и дека опозиционите партии може само да сонуваат за таква доблест.
С. К. ДЕЛЕВСКА