РАБОТНА ГРУПА ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ РАБОТИ НА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ, РЕЧЕ ЗАЕВ

    РАБОТНА ГРУПА ВО СОБРАНИЕТО ЌЕ РАБОТИ НА НАЦИОНАЛНО ПОМИРУВАЊЕ, РЕЧЕ ЗАЕВСакам да му се заблагодарам на секој пратеник особено на храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои го ставија интерсот на земјата над партијата и покрај партиските притисоци. Како премиер ќе ја гарантирам безбедноста на секој пратеник и нивните семејства“, рече Заев дополнувајќи дека очекува дека ќе се зголеми бројот на пратениците од опозицијата кои ќе гласаат за измени на Уставот.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Премиерот Зоран Заев вечерва рече дека во Собранието ќе се направи работна група која ќе работи на национално помирување. Заев, на прес-конференцијата веднаш по изгласувањето на владиниот предлог за потреба од прстапување на уставни измени, им се заблагодари на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени и истакна дека како премиер ја гарантира нивната безбедност.

    „Денес е историски ден. Денес Собранието, следејќи ја волјата на граѓаните, овозможи да чекориме кон портите на Европската унија и НАТО. Сакам да му се заблагодарам на секој пратеник, особено на храбрите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, кои го ставија интерсот на земјата над партијата и покрај партиските притисоци. Како премиер ќе ја гарантирам безбедноста на секој пратеник и нивните семејства“, рече Заев дополнувајќи дека очекува оти ќе се зголеми бројот на пратениците од опозицијата кои ќе гласаат по поднесување на амандманите за измени на Уставот.

    Премиерот Заев рече дека се невистини обвинувањата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев дека им се нуделе пари на пратеници и најави дека  ќе поднесе тужба за ваквите обвинувања. Тој рече дека денеска разговарал со пратениците како колеги, дури и со пратеници кои се обвинети за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017.

    „Разговарав и со пратеници кои се обвинети за намерата во оваа сала да го одземат мојот живот и на пратениците. Разговаравме и подадовме рака, затоа што редот е да се помириме. Верувам дека пораката за простување охрабри. Верувам дека ќе се најдат начини да се направат национално обединување, сега е моментот да се обединиме. Преку работни групи во Собранието ќе најдеме начин за национално помирување“, рече Заев.

    Заев истакна дека судските процеси кои се водат ќе продолжат и дека секој граѓанин во државата треба да сноси одговорност за тоа што е обвинет и што е потврдено со правосилна судска пресуда.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира