РАСТОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Е ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ТЕСТИРАЊА НА АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ, НО ВАЖНО Е ДЕКА ВИРУСОТ СЛАБЕЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕ

    РАСТОТ НА ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 Е ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНИОТ БРОЈ НА ТЕСТИРАЊА НА АСИМПТОМАТСКИ СЛУЧАИ, НО ВАЖНО Е ДЕКА ВИРУСОТ СЛАБЕЕ, РЕЧЕ ФИЛИПЧЕНа новинарски прашања како ќе го коментира фактот што голем број на жители на Скопје заминаа во други градови од државава, Филипче рече: „Најдобрата порака за сите граѓани каде и да се, да не се групираат, а каде има групирања да се носат маски. Ние уште долго време ќе мора да живееме вака“. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Петнаесет семејства во Скопје носат вкупно 90 проценти од новозаболените лица во изминативе денови, кои се сега веќе во изолација. Растот на бројката на позитивни лица на КОВИД-19 во изминатите денови, особено денес 180, сѐ должи на зголемениот број на тестирани асимптоматски случаи и лица во изолација, кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

    „Имавме многу семејни собирања околу 24, 25 мај и неколку денови претходни, и затоа ги тестиравме примарните контакти на лицата кои биле заразени во тој период. Анализите покажаа дека 90 проценти се асимтопатски носители, затоа продолжува тестирањето на контактите. Кластерската анализа покажа дека има и нови спорадични случаи, кои не можат да се поврзат со овие семејства, што значи дека вирусот постои“, кажа Филипче.

    Според него, во земјава се случува втор бран кој е резултат на непочитување на мерките на собирање, и со оглед на тоа дека имало голем број на асимптомастски носители меѓу членови на семејствата, а за кои добиле информации дека циркулирале во други делови во градовите освен во нивните населби, била донесена одлуката за рестриктивните мерки кои се во тек во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, каде до понеделник до 5 има продолжен полициски час. Во останатите градови во земјава полицискиот час почнува во 16 часот и трае до 5 часот.

    „Карантинот е воведен заради второто и третото колено на контактите, а со цел да се намали ризикот за дополнителна трансмисија. Затоа викаме дека целите кластери на семејствата се под контрола, но и за да се олесни работата на епидемиолозите во земање на информации“, рече министерот. Засега не се планирани продолжувања на рестрикциите за после понеделник, но дека во тек се анализи кои ќе се разгледуваат во недела.

    Филипче кажа дека опаѓа вирулентноста на вирусот, значително слабее, дека речиси 90 проценти од новозаболените се со лесни симптоми, дека на Инфективна клиника нема ниеден пациент на механичка вентилација, а во Градската општа болница „8 Септември“ 7 се на респираторна машина.

    „Но, тоа не значи дека граѓаните не треба да внимаваат. Здравствените институции остануваат максимално подготвени“, кажа тој.

    Министерот кажа дека во изминатите 24 часа има 11 заразени медицински лица во ГОБ „8 Септември“, еден доктор, двајца болничари, седум сестри и еден вработен во техничка служба, и дека на утринскиот координативен состанок со инфектологот утврдиле начин на тестирање кои биле во највисок ризик со вработените.На Гинеколошко-акушерската клиника има 2 заразени, една сестра и техничар и трае анализата и анкетите за индикацијата за тестирање.

    На новинарски прашања како ќе го коментира фактот што голем број на жители на Скопје заминаа во други градови од државава, Филипче рече: „Најдобрата порака за сите граѓани каде и да се, да не се групираат, а каде има групирања да се носат маски. Ние уште долго време ќе мора да живееме вака“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира