РОДИТЕЛИТЕ КОИ ЌЕ КОРИСТАТ ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ТРЕБА ДА ПОДНЕСАТ ПОТВРДА, КОПИЈА ОД ИЗВОД НА РОДЕНИ И КОПИЈА ОД СВИДЕТЕЛСТВО

    РОДИТЕЛИТЕ КОИ ЌЕ КОРИСТАТ ПЛАТЕНО ОТСУСТВО ТРЕБА ДА ПОДНЕСАТ ПОТВРДА, КОПИЈА ОД ИЗВОД НА РОДЕНИ И КОПИЈА ОД СВИДЕТЕЛСТВОГрадинките, основните и средните училишта, универзитетите, библиотеките и студентските домови ќе бидат затворени следните две недели. (Фото: К. Попов)

    Родителот кој ќе користи платено отсуство во наредните 14 дена, за чување на дете до 10 години, во период до кога ќе трае мерката за затворање на воспитно-образовните институции како превенција од ширењето на коронавирусот, треба да достави потврда издадена од детската градинка или уплатница за платен надомест за престој во детска градинка, копија од патна исправа за возраста на детето или копија од извод од матична книга на родени, потврда за редовен ученик од образовните институции или копија од свидетелство.

    Во однос на оваа мерка, за децата кои не посетуваат детска градинка или не се вклучени институционално во воспитно – образовниот процес, родителите на овие деца не се ослободени од работа и извршување на работни активности.

    МЕРКИ НА ВЛАДАТА ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ШИРЕЊЕТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    • Вработените лица од здравствениот сектор да не користат годишни одмори, платени и неплатени отсуства, за време на периодот додека се преземаат мерки за превенција од ширење на коронавирусот, е една од одлуките на Владата по состанокот на Комисијата за заразни болести за преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на коронавирусот.
    • Се утврдуваат следните категории на лица кои треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:
      Хронични респираторни заболувања;
      Тешки кардиоваскуларни заболувања;
      Дијабет – ТИП1;
      Малигни заболувања; и
      Имуно-компромитирачки состојби.
    • Се задолжува Министерството за здравство, телефонскиот број на АЛО ДОКТОРЕ од флаерот да го пренамени во кол-центар со зголемен капацитет кој ќе дава одговори/информации во врска со болеста КОВИД-19
    • Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да побараат од овие лица да достават доказ/потврда за основот на користење на ова оправдано отсуство,
    • Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот. Овој заклучок се однесува и на самохраните родители.
    • Се задолжуваат сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, а се укажува на единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои користат оправдано отсуство согласно донесените заклучоци, мерки и препораки на Владата, до надлежните организациони единици за човечки ресурси во нивните институции да достават своја лична писмена изјава под морална, материјална и кривична одговорност дека во секое време ќе бидат достапни на работодавачот за вршење на службени работни задачи и обврски од својот дом, преку комуникација со електронска пошта, или пак, во текот на денот во итни ситуации да бидат и физички на своето работно место, во период од два до три часа.  Образецот за користње на платеното отсуство е достапен на следниов линк.
    • Се задолжува Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на граничните премини при излез од Република Северна Македонија, особено контролата на автобускиот превоз и дестинацијата.
    • Сите воспитно – образовни институции да воведат ротационо дежурство, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.
    • Да се прекине со работата на библиотеките, студентските и ученичките домови на територијата на Република Северна Македонија, во наредните 14 дена, а вработените лица во овие институции да бидат ослободени од работа во овој период.
    • Вработените лица во Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за одбрана, Армијата на Република Северна Македонија, противпожарните територијални единици, Царинската управа, како и домовите за нега на стари лица и мали групни домови да се изземат од сите заклучоци, мерки и препораки на Владата.
    • Се задолжува Министерството за здравство, преку центрите за јавно здравје и во соработка со единиците на локалната самоуправа да изврши дезинфекција на сите детски градинки и училишта на територијата на Република Северна Македонија.

     

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира