РОДНИНИ НЀ МОЛАТ ДА НЕ ОДАТ НА ИНФЕКТИВНА ОТИ МИСЛАТ ДЕКА ТАМУ СЕ УБИВААТ ЛУЃЕ, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ

    РОДНИНИ НЀ МОЛАТ ДА НЕ ОДАТ НА ИНФЕКТИВНА ОТИ МИСЛАТ ДЕКА ТАМУ СЕ УБИВААТ ЛУЃЕ, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ ЗА ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ЗА КОРОНАВИРУСОТ„Луѓето ги кријат симптомите, триесет и три проценти од хоспитализираните стигаат доцна во болниците, после осум до девет дена поминати на домашно лекување, затоа што некој проширил лажна вест дека на Инфективна се убиваат луѓе“, рече Османи. (Фото: K. Попов)

    Роднини ни се јавуваат со молби да ургираме на Инфективна клиника за нивните родители да не бидат поставувани на респиратори, оти веруваат дека ако отидат на Инфективна нема да излезат живи , рече денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи. Потенцирајќи дека е негово лично мислење, а не став на Владата, Османи рече дека смета оти најголем проблем во државата е ширењето на лажните вести и теориите на заговор дека коронавирусот не постои.

    „Моето мислење е дека непочитувањето на рестриктивните мерки не е причина, туку е последица на тоа дека граѓаните ја изгбија вербата во вирусот и во ризикот што го носи вирусот. А тоа е резултат на лажните вести. Ова не го потпирам на некои научни податоци. Лажните вести успеаја да ја искористат психолошката фрагилност на граѓаните од ова предолого траење на ситуацијата за да може да наметнат такви лажни идеи. Најголем проблем не е непочитувањето на мерките, туку што доминираат лажните вести кои, за жал, успеаја да ги надгласаат емпириските факти на институциите. Луѓето ги кријат симптомите, триесет и три проценти од хоспитализираните стигаат доцна во болниците, после осум до девет дена поминати на домашно лекување, затоа што некој проширил вест дека на Инфективна се убиваат луѓе“,  додаде Османи на промоцијата на 20 респираторнии машини од донација од Европската Унија.

    Вицепремиерот кажа дека денеска се сретнал со новиот поглавар на Исламската верска заедница (ИВЗ) и му укажал дека е недозвоволиво во овој период сите верски авторитети да не комуницираат со луѓето за да ги отфрлат овие лажни теории на заговор.

    Министерот за здравство Венко Филипче, нагласувајќи дека со резерва го говори тоа, кажа дека до крајот на неделата, прогнозите се дека ќе се намали бројот на новозаболени, и покрај тоа што денеска се регистрирани 120 нови случаи на КОВИД-19.

    На новинарско прашање како ќе го коментира однесувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој синоќа престојуваше во затворен дел од кафеана на Боемска улица во Скопје, Филипче рече:

    „Јас лично верувам во институциите и во експертизата и сметам дека една држава треба така да фунцкционира. Сите ние зависиме од нашето лично однесување, пример сме на децата дома, на сите млади, и ние како политичари и како избрани функиоцинери“.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира