САМО 25 СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЧУВАВМЕ СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, НÈ ПРАТИЈА САМО СО ПО 1 ПИШТОЛ, ТВРДИ ПОВРЕДЕН ЧЛЕН НА ЕБР НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТ

    САМО 25 СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЧУВАВМЕ СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, НÈ ПРАТИЈА САМО СО ПО 1 ПИШТОЛ, ТВРДИ ПОВРЕДЕН ЧЛЕН НА ЕБР НА СУДЕЊЕТО ЗА НАПАДОТЕксдиректорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Митко Чавков е меѓу 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017 (Фото: К. Попов)

    Припадникот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) Лукман Селими, во сведочење за организираниот напад на Собранието на 27 април лани, загатна дилема – што барале припадниците на Тигрите од МВР поставени како воено-формациска единица, која стоела немо додека се претепуваат пратеници и се крши Собранието.

    На денешното рочиште на судењето  во кое 33-ца се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, Селими рече дека тој ден бил втора смена на работа. Во 17. 30 часот дошла неговата група од само 25 колеги да го чува Собранието. Уште пострашно било што според командата, тој и 24-та колеги биле под команда за јавен ред и мир, само со панцири и по 1 пиштол. Кога станала масата агресивна, 25-те специјалци се поделиле на 5 групи, а групата на Лукман тргнала кон главниот влез.

    „Вратата ја клоцаа, буткаа. Во еден миг сама се отвори и така успеавме да влеземе. Се обидовме да ги одвраќаме луѓето, но одеднаш слушнавме гласови: ‘Маските доаѓаат'”, сведочеше Селими.

    Рече дека почнале да влегуваат луѓе со фантомки.

    „Еден од фантомките дојде зад нас и рече: ‘Дојдете по мене, сала број 3’. Масата не реагираше веднаш, па затоа тој ја крена неколку пати маската за да го видат кој е“, сведочеше специјалецот.

    Потоа, со четворицата колеги тргнале кон прес салата. Пробале да влезат, ги натепале, на Лукман му ја раскрвавеле главата. Таму видел воено-формациска поставеност на единицата Тигри, кои биле пасивни. Само стоеле.

    По едно време Лукман добил наредба за дејствување со шок бомби, а тие едвај имале само по еден пиштол со себе.

    „Немавме шок бомби, немавме маски, ништо од опрема, бевме пратени под команда за јавен ред и мир. Тогаш, еден од колегите Тигри ми даде 2 бомби. Со една не успеавме да влеземе, со втората да“, кажа Селими.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари