Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас го поздрави факот што на референдумот за името огромното мнозинство од оние што гласале го поддржале договорот со Грција. Тој ја поддржува расправата за договорот во Собранието и ги повика сите политички сили во Скопје и во Атина „да ги искористат шансите на историскиот договор и да го спроведат“.
„Иако многумина би си посакале поголема излезност: се радувам што огромно мнозинство од оние што го искористија своето демократско право гласаа за договорот со Грција. Тие сакаат нивната земја да го продолжи својот пат во правец кон ЕУ и НАТО и да се реши спорот, кој 27 години стоеше меѓу Македонците и Грците. Добро е што по консултативниот референдум сега за договорот ќе се расправа во македонскиот парламент. Ги повикувам сите политички сили во Скопје и во Атина, да ги искористат шансите на историскиот договор и да го спроведат договорот. Тој ги засилува добрососедските врски меѓу двете држави и придонесува за стабилноста на Западен Балкан. Исто така тој отстранува важна пречка за приближувањето на Скопје кон ЕУ и НАТО“, соопшти Мас.