СЕ ТЕСТИРААТ ПАТНИЦИ СО СИМПТОМИ ОД АВИОН ОД БРИСЕЛ КОЈ ПОПЛАДНЕВО СЛЕТА ВО СКОПЈЕ, ОСТАНАТИТЕ СЕ ЗАДРЖАНИ НА АЕРОДРОМОТ

    СЕ ТЕСТИРААТ ПАТНИЦИ СО СИМПТОМИ ОД АВИОН ОД БРИСЕЛ КОЈ ПОПЛАДНЕВО СЛЕТА ВО СКОПЈЕ, ОСТАНАТИТЕ СЕ ЗАДРЖАНИ НА АЕРОДРОМОТМинистерот Филипче кажа дека дел од патниците се пожалиле на симптоми на вирусот и затоа сега сите што патувале со нив се задржани на аеродромот и се врши скрининг.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Се тестираат патници кои денеска во 18.10 часот слетале во Скопје со авион на компанијата „Визер“ од Брисел. Како што кажа министерот за здравство Венко Филипче дел од патниците се пожалиле на симптоми на вирусот и затоа сега сите што патувале со нив се задржани на аеродромот и се врши скрининг.

    „Тие кои имаат симптоми ќе бидат однесени на Инфективната клиника да се тестираат и додека резултатите не стигнат сите патници од авионот ќе чекаат на аеродромот. Вечерва ќе одлучиме како ќе постапиме, дали за одредени со оглед на распоредот на седење ќе биде одредена мерка да бидат дома во самоизолација или во објекти во кои ние организираме изолација“, рече Филипче.

    Попладнево пристигнале десетина патници кои беа заглавени на граничниот премин меѓу Унгарија и Србија и тие веќе се однесени во касарната во Криволак каде ќе бидат во изолација. Вкупно во овој објект ќе бидат сместени 200 лица.

    Досега денеска, пет нови случаи беа позитивни за коронавирус, со што вкупната бројка на заразени во државава стигна до 31.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира