СЕДУМ НОВИ ПАЦИЕНТИ СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС, ОД КОИ ДВЕ РОДИЛКИ ОД ДЕБАР

    СЕДУМ НОВИ ПАЦИЕНТИ СЕ ТЕСТИРААТ ЗА КОРОНАВИРУС, ОД КОИ ДВЕ РОДИЛКИ ОД ДЕБАРСедум пациенти се испитуваат за коронавирус на Инфективната клиника во Скопје (Фото: К. Попов)

    Материјали од седум нови пациенти се тестираат во моментов на Инфективната клиника во Скопје, од кои две се на родилки од Дебар, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Едната родилка е во болницата во Охрид, другата е во Скопје и се во изолација.

    „Не се непосредно пред породување, но ги донесовме за да бидат подгтовени во оваа ситуација“, кажа Филипче.

    Станува збор за пациенти и од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид, кои престојувале во Швајцарија, Австрија и Германија и кои после неколку дена од враќањето дома развиле висока температура.

    Сите 13 пациенти на Инфективната клиника се во стабилна состојба, идентична на вчерашниот ден, само една пациентка од Дебар е на респираторна машина со значајно подобрување на параметрите.

    „Таа е со сè уште непредвидлива прогноза, затоа што непредвидливо доаѓаат компликациите“, рече министерот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира