СЕКОЈ ТРЕБА ДА ПЛАЌА СТРУЈА КОЛКУ ШТО ЌЕ ПОТРОШИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕКТЕШИ ОТКАКО ЖИТЕЛИТЕ НА СЛУПЧАНЕ ОДБИЈА ДА ПЛАЌААТ

    СЕКОЈ ТРЕБА ДА ПЛАЌА СТРУЈА КОЛКУ ШТО ЌЕ ПОТРОШИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ЗА ЕКОНОМИЈА БЕКТЕШИ ОТКАКО ЖИТЕЛИТЕ НА СЛУПЧАНЕ ОДБИЈА ДА ПЛАЌААТМинистерот ги повика сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за економија ги повикува жителите на Слупчане и околните села да плаќаат струја, откако тие вчера го блокираа влезот на селото по што доставија повеќе барања од ЕВН, како, на пример, простување на долговите, нови приклучоци за беспари, потоа сметките да не можат да бидат повисоки од 3.000 денари без разлика на потрошената струја, ослободување на џамиите од плаќање, барања за кои од ЕВН велат дека не се законски.

    „Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија, согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа, повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, вели министерот Крешник Бектеши.

    Осум села во Липковскиот Регион и граничниот премин Табановце, вчера попладне и во текот на ноќта останале без електрична енергија, откако жителите на липковското село Слупчане предизвикале дефект на трафостаницата во нивното село.

    Екипите на ЕВН сè уште не се влезени во селото Слупчане, поради тоа што не се чувствуваат безбедно.

    Ова е вторпат за еден месец да не се дозволи екипи на ЕВН да влезат во селото, да работат на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, по што предизвикаа повеќе дефекти.

    Тогаш, гаранција дадоа министерот за економија Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково Еркан Арифи, па селаните ја пуштија ЕВН да работи.

    Процентот на наплата на потрошената електрична енергија во Слупчане е многу мал, а и масовно се краде струја. Годишно, 80 отсто од потрошената струја се краде, а само третина од 20 отсто од фактурираната електрична енергија се наплаќа.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира