СЕЛА Е САМОЗАМИНАТ ОД ВЛАДАТА И НЕМАЛО ПРИТИСОЦИ ВРЗ НЕГО, ВЕЛИ АЛИ АХМЕТИ

    СЕЛА Е САМОЗАМИНАТ ОД ВЛАДАТА И НЕМАЛО ПРИТИСОЦИ ВРЗ НЕГО, ВЕЛИ АЛИ АХМЕТИЛидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната предновогодишна средба со медиумите во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица (Фото: СДК.МК)

    „Јас сум немал никакво влијание врз одлуката на Села сам да ја напушти Владата. Јас би го нарекол Села самозаминат. Вестите дека јас сум го условувал премиерот Заев за учество или неучество на Села во Владата се апсолутни невистинити“, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната предновогодишна средба со медиумите во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица.  На бројни новинарски прашања, Ахмети даде осврт на актуелната состојба во земјата, а посебно се осврна на актуелните настани поврзани со преговорите Грција околу спорот за разликата во името на нашата земја и за тоа дали за ова прашање треба да се организира референдум.

    „Ова е проблем кој бара решение бидејќи е пречка за нашиот влез во НАТО и ЕУ. Сите политички сили се свесни дека ова прашање без компронис не може да се реши. Јас сметам дека за ова прашање не треба се има медијаторски пристап, туку треба поангажиран пристап на посредникот Метју Нимиц со помош на ОН и сите пријатели на Македонија за да се постигне компромис. Наша анализа на ДУИ е дека сите страни треба да се согласат, но ова прашање не треба да се бирократизира и политизира или да се користи прашањето за референдум и бескрајни дебати во Парламентот, со што би се обесхрабрила волјата за постигнување договор. Сметам дека ова прашање може да се реши со договор помеѓу двете држави и двете влади, како што беше во деведесетите години околу привремената референца, и за ова ни е потребен и политички и национален консензус. Сите прашања на Балканот се историски болни, но мора де се решат“ рече Ахмети.

    „Актуелната опозиција која во минатото беше на власт, а и кога и ние бевме дел од неа, многу интензивно работеше за решавање на овој проблем па и ние бевме ангажирани и ја следевме таа работа и бевме дел од тие преговори. Тоа значи дека сегашната опозиција е за решавање на проблемот, но има и разлики во однос на ова прашање и затоа треба да се донесе заедничко прифатливо решение, но тоа без опозицијата не може да се реши“, додаде Ахмети.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира