СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА Е КАНЦЕР НА ОПШТЕСТВОТО, ДУИ Е РАЗОЧАРАНА, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО БОКИ 13

    СЕЛЕКТИВНАТА ПРАВДА Е КАНЦЕР НА ОПШТЕСТВОТО, ДУИ Е РАЗОЧАРАНА, РЕЧЕ БУЈАР ОСМАНИ ЗА СЛУЧАЈОТ СО БОКИ 13Османи кажа дека токму ветингот кои тие го предлагаат како партија е единствен начин за враќање на довербата во институциите.(Фото: Влада)

    Вицепремиерот Бујар Османи давајќи коментар за случајот со апсењето на Бојан Јовановски-Боки 13 рече дека неговата партија ДУИ е разочарана што има вмешаност на јавен обвинител и дека токму ветингот кои тие го предлагаат е единствен начин за враќање на довербата во институциите.

    „ДУИ е најголем непријател на селективната правда. Во секој говор претседателот на партијата Али Ахмети ја споменува селективната правда како канцер на општеството. Затоа ние како партија го предложивме законот за ветинг кај сите носители на јавни функции. Ветингот е најдобар начин за враќање на довербата на граѓаните во институциите и нивниот кредибилитет. Јас не сакам да прејудицирам додека органите не ја завршат истрагата“, рече Бујар Османи по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

    Османи кажа дека неговата партија смета дека земјава има потреба од институција која ќе биде насочена кон борбата против корупцијата на највисоко ниво и со тој став ќе настапат на лидерската средба која премиерот Зоран Заев ја закажа за в петок.

    Бујар Османи е осомничен во истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Пациент“.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира