СЕРИЈА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ И ВО НИЗА ИНСТИТУЦИИ И ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛА

    СЕРИЈА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ И ВО НИЗА ИНСТИТУЦИИ И ШКОЛИ ВО СКОПЈЕ И БИТОЛАМеѓународниот аеродром Скопје по проверките повторно работи. (Фото: СДК.МК)

    Серија дојави за бомби и денеска добија низа институции и јавни објекти. Утрово поради дојава за бомба беше затворен Меѓународниот аеродром Скопје, кој по проверките повторно работи.

    „Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, соопшти МВР.

    Дојавата за поставена бомба го затврои хотелот „Александар Палас“ каде денеска во 10 часот требаше да говори премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за финансии Крешник Бектеши и Фатмир Бесими на конференција во организација на Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања во рамки на Стопанска комора на Северна Македонија.

    Вчера дојави за бомби добија 49  школи во Скопје и Куманово, а по проверките се потврди дека сите биле лажни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира