ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ДЕНЕСКА ЌЕ БАРА ДА СЕ ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА ИЗБОРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ДЕНЕСКА ЌЕ БАРА ДА СЕ ПОНИШТИ ОДЛУКАТА ЗА ИЗБОРИ

    Шарената револуција денеска на протестот, кој ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот, ќе побара од Собранието да ја поништи одлуката за одржување на изборите на 5 јуни.

    „Собрание, собери се! Шарената револуција бара итно поништување на одлуката за одржување на изборите на 5 јуни. Бараме итно поништување на одлуката за одржување избори на 5 јуни и итно поништување на одлуката за аболиција на оние против кои е поднесено обвинение од страна на СЈО“, пишува на страницата на Шарената револуција на Фејсбук.

    Граѓаните од Шарената револуција бараат и оставка од Иванов, формирање специјално одделение на Кривичниот суд надлежно за случаите на СЈО и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

    Протести ќе се одржат и во Велес, Крива Паланка, Берово, Делчево, Штип, Струмица, Кавадарци, Радовиш, Демир Хисар, Битола, Ресен и Прилеп.
    Блокади на патиштата се веќе почнати во Мојмирово и во Мачево.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари