Шарените револуционери ја почнаа вечерашната мисија за боење. Го шараат асфалтот пред Собранито. Истурено е рекордно количество боја. Со ваљаци демонстрантите ја разнесуваат за да се покрие целата улица.
„Груевски на суд, одбројуваме до слобода“ е поракта на главниот транспарент со кој Шарената револуција тргна кон Собранието.
Пред Специјланото јавно обвинителство во канти се мешаа боите за вечерашната Шарена револуција. Специјланта единица за боење до лакти беше обоена за да ги погоди бараните нијанси, а подготвија и дваесеттина молерски ваљаци.
Демонстрантите денешниот протест го посветија на стрип-јунакот Пецко чин со кој му оддаваат почит на легендарниот карикатурист и режисер Дарко Марковиќ, Дар-Мар, кој почина синоќа по тешко и долго боледување. Носат слики од него и од неговите стрипови.
Барањата на Шарената револуција се итно произнесување на Уставниот суд по уставоста на СЈО, запирање на прогонот на демонстрантите што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму, повлекување на пријавите од МВР за сите останати демонстранти и престанок на сите форми на притисок врз слободните граѓан(к)и кои го искажуваат својот револт. Останатит барања се оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори, формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија и оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.