ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ОСТАВИ ОСМИЦА ПРЕД СОБРАНИЕ, АКТИВИРАН И ЧАТАЛОТ ЗА ФАСАДАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА ОСТАВИ ОСМИЦА ПРЕД СОБРАНИЕ, АКТИВИРАН И ЧАТАЛОТ ЗА ФАСАДАТА

    Откако го посипаа со боја асфалтот пред Собранието, шарените револуционери навалија на шарање на фасадата. Со чаталот фрлаа балони со боја која им остана од боењето на улицата.

    осмица Активистите на Шарената револуција речиси еден час го боеја асфалтот пред Собранието. Тој сега е во пастелни бои, а небојасан остана само еден круг во кој демонстрантите исцртаа огромна осмица, која треба да ја потсети власта на одбројувањето осум дена до 18 јуни, до кога треба да бидат исполнети барањата на револуционерите.

    Тие вечерва истурија рекордно количество боја на асфалтот пред Собранието. Се довезоа во камион оти имаа многу канти со боја. Претходно, пред Специјално јавно обвинителство тие ги мешаа боите во кантите за да добијат пастелни нијанси па уште на почеток до лакти беа бојосани.

    Вечерашниот протест го посветија на Пецко, односно на карикатуристот Дарко Марковиќ кој почина синоќа, па на транспарентите имаше негови слики и слики од неговите стрипови.

    Главниот транспарент на вечерашниот протест носеше порака „Груевски на суд, одбројуваме до слобода“ .

    Двете итни барања на Шарената револуција се произнесување на Уставниот суд по уставоста на СЈО и запирање на прогонот на демонстрантите што вклучува ослободување на сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април наваму.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари