ШАРЕНИТЕ ДЕНЕСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШАРЕНИТЕ ДЕНЕСКА НА ПРОТЕСТ ПРЕД СУДОТ ЗА ПОДДРШКА НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ

    Шарената револуција закажа протест за денеска во 10.45 часот пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на Павле Богоевски, непосредно пред неговото судење за учество во протестите против помилувањата на Ѓорѓе Иванов во април.

    Продолжуваат притисоците врз луѓето кои секојдневно протестираа и протестираат против овој режим. Продолжуваат да се судат граѓани кои ја критикуваат власта додека криминалците шетаат слободно, уништуваат докази и траги од веќе сторени и вршат нови кривични дела.
    Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда. Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд!“, стои во вчерашниот повик на Шарената револуција.

    Основното јавно Обвинителство на Зврлевски го товари Богоевски за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години.

    „Да, јас бев на протестот на 18 април и бев дел од групата која Зврлевски ја нарекува „толпа“ (јас ги нарекувам соборци и соборки). Не, не признавам вина за делото за кое ме товарат. Не може системот кој дозволува Груевски и неговото здружение десет години да ја силуваат државата, одеднаш да одлучи да доделува правда за тие кои протестираат против тоа (и благодарение на кои, Груевски и останатите сега се обвинети и осомничени, а не аболицирани лица)“, порача Богоевски преку социјалните мрежи.

    Богоевски беше уапсен од полицијата на 19 јуни, за време на говорот на поранешниот премиер Никола Груевски за прославата на 26 години постоење ВМРО -ДПМНЕ, кога се обиде да постави платно со антивладини пораки на ѕидот од кејот на Вардар кај градилиштетото за новиот Офицерски дом. Повеќе за случајот на следниот линк:

    ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ИЗЛЕЗЕ ОД ПОЛИЦИЈА СО ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира