ШКАРИЌ И ИВАНОВ ЗАЕДНО ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ШКАРИЌ И ИВАНОВ ЗАЕДНО ВО ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА

    Демонстрантка од Шарената револуција облечена со маичка на која е испишано СЈО и со учебник од Правниот факултет вчера протестираше во близина на резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов, барајќи негова оставка и повлекување на аболицијата на 56 политичари и нивни соработници, осомничени или само сведоци во случаи што ги истражува Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. Еден од нив, Коста Крпач, сведок во еден од предметите на тимот на Јанева пред десетина дена беше најден мртов со прострелна рана во градите во неговиот стан, а контраобвинителството, она на Марко Зврлески уште не се изјаснило дали истражува убиство, или случајот ќе се затвори како самоубиство.

    Студентка по право читаше делови од учебник, репортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК го улови насловот на книгата „Политички теории – антика“. Учебникот е објавен во 2006, а потоа преиздаден во 2010 година. Автори се професорите Светомир Шкариќ и Ѓорге Иванов.

    Пред американската резиденција, каде што демонстрантите беа сопрени од кордон полицајци, студентка на албански и на македонски јазик цитираше делови од книгата  кои се однесуваат на правото и демократијата. „Окото е она што гледа се што се случува, па професоре, ние сме окото на демократијата“, му порача студентката.

    За таа книга професорот Шкариќ во 2014, пред Иванов тој да биде кандидиран за втор претседателски мандат, година му пиша на својот помлад колега дека коавторството се движи во сооднос не помал 95:5 во полза на постариот автор.

    Но, поводот за тоа писмо од април 2014 година не беше книгата на двајцата колеги. Професор Светомир Шкариќ тогаш му откажа соработка на веќе претседателот Иванов и му порача дека не заслужува втор мандат.

    „Мене ме одбра за советник за уставни прашања, но никогаш не ме праша за одреден закон дали е уставен. Ми додели кабинет во претседателската палата, во мир да ги пишувам нашите заеднички книги, но не и да разговараш со мене за проблемите на уставното уредување во земјата“, му забележа тогаш постариот на помладиот колега и го обвини дека како претседател во првиот мандат не презел ништо ни за заштитата на автономијата на универзитетот, иако таму ги стекнал сите академски звања, од асистент до редовен професор.

    Аматерска фотографија

    Аматерска фотографија од секојдневните протести на Шарената револуција против аболицијата на Иванов

    Шкариќ, кој денеска е еден од најотворените критичари на неуставните потези на неговиот помлад колега од Правниот факултет уште во 2014 година му забележа на Иванов за неговата улога во настаните од 24 декември 2012 година и формирањето на ад хок комисијата за утврдување на уставноста на тие настани, од кој произлезе документ што подоцна од владејачката ВМРО-ДПМНЕ беше наречен тоалетна хартија. Му порача дека не заслужува втор мандат затоа што не води сметка за медиумските слободи, за автономијата на високото образование.

    „Не те трогна ни случајот ,,Кежаровски“, иако тој случај доби меѓународна димензија. Човекот е во затвор затоа што во вршењето на професијата се држел за медиумските слободи гарантирани со Уставот!“, му пиша тогаш професорот Шкариќ на професорот по право Иванов, кој во меѓувреме стана претседател.

    svetomir skarik i trajko veljanovski

    Изборите не можат да бидат регуларни затоа што Трајко Вељаноски изврши атентат врз Уставот. Тој веќе не е претседател на Собранието и неговиот потпис за распишување избори е без значење- изјави проф. Светомир Шкариќ за САКАМДАКАЖАМ.МК на 10 април (Фото: СДК.МК)

    Професорот Шкариќ и вчера реагираше на тоа што ВМРО-ДПМНЕ сама ќе оди на изборите на 5 јуни. „ВМРО-ДПМНЕ може сама да истрча на избори, ќе ѝ се придружат тие нејзини мали сателит партии. Ако, нека истрча сама, дури и пожелно е. Нека си ги покаже роговите, ќе се види нејзината мизерија на таквите избори, бидејќи тоа ќе биде еден вид попис колку гласачи се за власта“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК професорот по уставно право Светомир Шкариќ.

    Насловната на неделникот Фокус од април 2014 кога Шкариќ му напиша отворено писмо на Иванов дека не заслужува втор мандат (архивска фотографија)

    Насловната на неделникот Фокус од април 2014 кога Шкариќ му напиша отворено писмо на Иванов дека не заслужува втор мандат (архивска фотографија)

    Тој во април го нарече претседателот на Собранието Трајко Вељаноски атентатор на Уставот потсетувајќи дека претседателот требаше прво да го потпише решението за избори, а дури после да го распушти Собранието.

    „Нема поголема криза од криза на правото. Правото е поважно од демократијата. Ако нема право, нема ни демократија. Ако не владее правото не може да владее ни народот. Така што на овој начин распишани избори не можат да бидат регуларни затоа што немаат значење“, изјави на 10 априлза САКАМДАКАЖАМ.МК професор Светомир Шкариќ.

    На прашањето како може да се излезе од  овој правен вакуум, Шкариќ одговара: „Собранието е мртво, така што правна разрешница нема. А за друго, прашајте си некој друг. Јас сум правник.“

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари