ШОФЕРОТ НА АВТОБУСОТ НЕМА КОРОНАВИРУС, НО ОСТАНУВА ВО ИЗОЛАЦИЈА 14 ДЕНА

    ШОФЕРОТ НА АВТОБУСОТ НЕМА КОРОНАВИРУС, НО ОСТАНУВА ВО ИЗОЛАЦИЈА 14 ДЕНАСите пацинети кои денеска од Италија дојдоа во земјава биле прегледани од епидемиолозите на граничниот премин и ниту еден немал симптоми на виросот, па сите се пуштени дома. (Фото: Ѓ.Личовски)

    Шоферот на автобусот со кој на 27 февруари допатувале двајцата новозаболени пациенти од Дебар, нема коронавирус, информираа од Министерството за здравство.

    Возачот денеска со нова тура патници од Италија беше пречекан на граничниот премин Табановце. Автобусот беше тргнат на страна, а до добивањето на резултатите од тестот, тој и патниците беа неколку часа во изолација во објект на Царинската управа.

    „Шоферот до истекот на 14 ден од периодот на инкубација, пресметано од 27 февруаари, кога последен пат имал контакт со заболениот брачен пар, останува во домашна изолација, под здравствен надзор на епидемиолози“, велат од Министерството за здравство.

    Сите пацинети кои денеска од Италија дојдоа во земјава биле прегледани од епидемиолозите на граничниот премин и ниту еден немал симптоми на виросот, па сите се пуштени дома. Тие немале контакт со позитивен пациент, но дадени им се препораки, доколку почувствуваат некои симптоми, да не одат по здравствени институции, туку веднаш да се јават во центрите за јавно здравје.

    Сите патници кои на 27 феруари биле во автобусот со двајцата заболени од коронавирусот се идентификувани и контактирани. Со решение на Државниот завод за санитарна инспекција, со полициска придружба сите остануваат во домашна изолација, а за непостапување по решението следат правни консеквенци, велат од Министерството.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира