СИНДИКАЛНИОТ ПРОТЕСТ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ КАЈ АВТОКОМАНДА

    СИНДИКАЛНИОТ ПРОТЕСТ УТРЕ ЌЕ ГО БЛОКИРА ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ КАЈ АВТОКОМАНДАСиндикалните лидери штрајкот го означија пред Собранието каде на 22 јуни беа поставени 120 столчиња колку што има пратеници. (Фото: К. Попов)

    Утре од 7 часот до 10 часот, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го блокира влезот во Скопје, на раскрсницата во населбата Автокоманда на булевар Александар Македонски со 16 Македонска бригада, а ќе бидат пропуштани само возила на итна медицинска помош, полиција, армија и пожарна. Протестот е продолжување на генералнот штрајк на вработение во јавниот сектор со кој се бара усогласување на платите и зголемување за 2.806 денари.

    „Пораката ќе биде јасна за пратениците кои не даваат поддршка и глас за предлог-мандманот на ССМ, зашто работниците не се задоволни од нивната продуктивност и ангажман за надминување на работничките проблеми, а на овој начин пратениците нема да можат да стигнат во Собранието за да наплатат патни трошоци, а истото важи и за владините министри кои се глуви за работниците и работничките барања во оваа криза“, соопшти ССМ и повика сите работници да им се придрушат на блокдата.

    Штрајкот на вработените во јавниот сектор почна на 22 јуни, така што од 10 до 11 часот прекинаа со работа и протестираа пред работните места, а ССМ протестираше со поставување столчињљ пред Собранието, Владата и Министерството за финансии.

    Барањата на ССМ се линеарно зголемување на сите плати во јавниот сектор за 2.806 денари, колку што во февруари беше покачена минималната плата, како и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година. Генералниот штрајк, го најавија како одговор на одбивањето на Владата да ги прифати нивните барања, а потребата од покачувањето на платите меѓу другото ја правдаат со кризата и поскапувањата.

    Штрајкот прекина во Битола и Тетово откако градоначалниците одобрија зголемување на платите за 2.800 денари за сите во општинскиот јавен сектор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира