Синот на пратеникот Благојче Трпевски од редовите на СДСМ од Гостивар е меѓу 13-те загинати во тешката сообраќајна несреќа, што се случи попладнево на автопатот Скопје-Тетово, потврди вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов. Јовица Трпевски (25) загина откако автобус со 50 патници околу 17 часот излетал и се превртел.
Имињата на 13-мината загинати уште не се официјално соопштени, а уште шестмина се борат за живот.
Несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ на линијата Скопје-Гостивар преминал преку заштитната ограда на спротивна страна од автопатот, потоа излетал од патот и се превртел во близина на селото Ласкарци.
С. К. ДЕЛЕВСКА