СИТЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКА КОГА ИЗЛЕГУВААТ ОД ДОМА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИ

    СИТЕ МОРА ДА НОСАТ МАСКА КОГА ИЗЛЕГУВААТ ОД ДОМА, КАЖА ПРЕМИЕРОТ СПАСОВСКИМаска не треба да се носи кога граѓаните се во сопствениот двор или тераса, ако возат велосипед, спортуваат и кога се наоѓаат во автомобил со членови на нивните семејства. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Сите граѓани од утре задолжително треба да носат заштитна маска. На денешната владина седница донесена е одлука на цела територија на државата граѓаните кога излегуваат од дома да носат заштитна маска, марама или шал, со кои ќе им бидат покриена устата и носот заради заштита од коронавирусот.

    Носењето е задолжително во сите затворени јавни објекти како државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, јавен превоз, чекални, здравствени институции и слично. Носење маска на отворено е задолжително на отворени пазари и секогаш кога не може да се одржи минимална дистанца од 2 метра од најблиското лице.

    Практично, ова значи дека ако се движите низ гужва на улица, чекате јавен превоз со голем број патници на станицата или сте во слична ситуација да морате да бидете во непосредна близина на други лица и не можете да се одалечите на 2 препорачаната дистанца од 2 метра, задолжително носете маска.

    Маска надвор не е задолжително ако се престојува во двор на станбена семејна куќа, се вози велосипед или се спортува на отворено, но се одржува дистанцата од минимум 2 метра, се патува во патничко моторно возило со лица со кои заедно живеете, се движите на јавни места и површини од отворен тип каде не слободно може да одржувате дистанца од 2 метра.

    Како што кажа техничкиот премиер Оливер Спасовски, исто така граѓаните треба да одржуваат и растојаниие од два метрa и да не се групираат повеќе од две лица.

    „Намалување на полицискиот час никако не значи дека треба да се опуштиме и неодговорно да се однесуваме. Напротив, значи дека сега со овие мерки се  зголемува нашата лична одговорност. Само со излегување надвор со маска, држење растојание од два метрa и ако не се групираме, го штитиме нашето и јавното здравје“, рече премиерот Спасовски.

    Спасовски не кажа дали граѓаните кои нема да ги почитуваат овие мерки ќе бидат казнети и колкава ќе биде висината на казните, со оглед дека пред неколку дена го задолжи Министерството за правда да предложи висина на мандатни казни. Спасовски на прес-конференцијата само кажа дека „намерата на Владата не е да казнува, туку да се подигне свеста кај населението“.

    Владата денеска го намали и полицискиот час, па од утре тој во работните денови ќе почнува во 19 часот, а ќе трае до 5 часот наутро. За време на викендите полицискиот час ќе почнува од 15 часот и ќе трае до понеделник наутро.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира