СЈО ИДНАТА СРЕДА НА ДНЕВЕН РЕД ВО УСТАВЕН СУД?

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЈО ИДНАТА СРЕДА НА ДНЕВЕН РЕД ВО УСТАВЕН СУД?

    Иако има уште само 4 дена до исполнувањето на условот на Шарената револуција Уставниот суд да се произнесе за иницијативата за уставноста на Специјалното јавно обвинителство,  да го ослободи од работење под  овој притисок и да му пушти пат да ги расчисти доказите за криминал и корупција во власта, сепак, на дневниот ред на утрешната седница на Судот, оваа точка ја нема.

    “Предметот  е доделен на судија – известител и тој си го работи како и секој друг предмет. Нема најави дека утре ќе има изненадувања пред седницата. Но, во четврток веќе ќе го имаме на маса дневниот ред за седницата за идната среда. Но пак не можеме да кажеме овде во стручните служби дали иницијативата за Специјалното обвинителство ќе биде пријавена  во четврток“, велат во Уставниот суд.

    Неофицијално, судија – известител за овој предмет е Јован Јосифовски. Процедурата е откако ќе го добие предметот во надлежност, тој да побара мислење од Владата како предлагач на Законот за Специјално обвинителство и мислење од Собранието, кое го изгласа. По овој закон за кој гласаа речиси сите пратеници, потоа Специјалното обвинителство беше основано, специјалната обвинителка Катица Јанева и 12-темина обвинители избрани и тоа почна со работа, отворајќи 5 крупни истраги  за тежок криминал во власта и десетици други предистражни постапки.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира