Актуелниот градоначалник на Општина Карпош Стефан Богоев, кој нема да биде кандидат за втор мандат на СДСМ на претстојните локални избори, потврдува дека се разговара тој да биде нов директор на Царинската управа.
На денешната прес-конференција за завршување на градежните работи за реконструкција на улицата Париска, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде нов директор на Царина, Богоев изјави дека таа опција е во игра.
„Внатре во партијата се разговараше за ваква опција, но таквата одлука ја носи Владата, затоа од таму треба да ја потврдат таа одлуката. Да видиме прво дали ќе ме продложат, па потоа ќе можам да дадам став“, рече Богоев.
Наместо Богоев, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Центар е актуелниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски. Пред два месеца, директорот на Царина Горан Сугарески даде оставка од функцијата оти најави кандидатура за градоначалник на Прилеп.
А. АНТЕВСКА