СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 НАМАЛЕНА ЗА 20,9 ОТСТО ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА, НАМАЛЕНА И СТАПКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИ

    СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 НАМАЛЕНА ЗА 20,9 ОТСТО ОД ПРЕТХОДНАТА НЕДЕЛА, НАМАЛЕНА И СТАПКАТА НА НОВОЗАБОЛЕНИРегистрирани се 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови, со намалување од 39,7% во однос на минатата недела. (Фото: К. Попов)

    Смртноста од ковид-19 за периодот од 26 април до 2 мај е намалена за 20,9 отсто во споредба со претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, а во однос на возраста, 150 лица биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

    Од 26 април до 2 мај тестирани се 14.975 материјали, со намалување од 17,6% во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (857; 41,5%), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница.

    Процентот на позитивност се движи од 9,6% до 17,7%, просечно 13,1%, со намалување за 4,9% во однос на минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (781, 37,6%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (349; 16,8%), 40-49 (333; 16,0%), 30-39 (323; 15,6%) и 20-29 (172; 8,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (33; 1,6%) и 10-19 години (85; 4,1%).

    По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, со статус оздравени се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

    Институтот наведува откако почна вакцинацијата против ковид-19, заклучно со 2 мај, со „Фајзер/Бионтек“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „спутник“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „АстраЗенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица.

    Б. НЕСТОРОСКА


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира