СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗГОЛЕМЕНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДВАПАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, СЕКОЈ ПЕТТИ ОД НОВОЗАБОЛЕНИТЕ Е ОД 30-39 ГОДИНИ

    СМРТНОСТА ОД КОВИД-19 ЗГОЛЕМЕНА ЗА ПОВЕЌЕ ОД ДВАПАТИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА, СЕКОЈ ПЕТТИ ОД НОВОЗАБОЛЕНИТЕ Е ОД 30-39 ГОДИНИРасте бројот на хоспитализирани од ковид-19, во Скопје за 24 часа се примени 67 нови болни. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од 8 до 14 март смртноста од ковид-19 во земјава е зголемена за 2,3 пати повеќе во однос на претходната недела, стои во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Пријавени се 129 смртни случаи од 21 град. Во однос на возраста, 110 лица биле над 60 години, 17 лица на возраст од 50-59 години и две лица од возрасната група 40-49 години.

    Тестирани се 22.625 материјали, со зголемување од 7,3% во однос на минатата недела. Регистрирани се 5.456 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 22,2% во однос на минатата недела.

    Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.708; 49,6%), со неделна инциденца – 438,4/100.000. Највисока неделна инциденца од 809,6/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

    Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 19,4 до 27,4%, или во просек 23,9%, идентично како минатата недела.

    Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (1.434, 26,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (1.064; 19,5%), 40-49 (977; 17,9%), 50-59 (916; 16,8%) и 20-29 (698; 12,8%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (116; 2,1%) и 10-19 години (251; 4,6%).

    По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-КоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.737 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 29,7% во споредба со минатата недела.

    Од ИЈЗ додаваат дека вакцинацијата против ковид-19 во земјава почна на 17 февруари, и заклучно со 15 март се вакцинирани 5.061 здравствени работници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира