СО АКЦИЈА ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ И ХРАНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИ

    СО АКЦИЈА ЗА ДАРУВАЊЕ КРВ И ХРАНА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД 11 СЕПТЕМВРИПоранешниот американски амбасадорот Џес Бејли лани даруваше крв во крводарителската акција што американската амбасада ја организира заедно со Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија. (Фото: К. Попов)

    Амбасадата на САД во Скопје на 11 септември ќе го одбележи Националниот ден на служба и сеќавање со крводарителна акција и акција за дарување на храна, во соработка со Црвениот Крст на Град Скопје и со Институтот за трансфузиологија.

    Националниот ден на служба и сеќавање започна да се одбележува во 2002, преку добротворни акции за да се покаже почит кон жртвите, преживеаните и сите коишто помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001.

    Годинава, настанот е во организација на Федералната програма на жени при Амбасадата на САД, а ќе им се оддаде почит на три жени одговорни за брза интервенција кои загинаа во нападите на 11 септември 2001 за да спасат други животи.

    Акцијата е отворена и за учество од јавноста од 9-16 часот. Исто така, пред Амбасадата ќе може да се остават и донации во прехранбени производи.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира