СО ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД ЛАБОРАТОРИЈАТА КАДЕ СЕ ПРАВАТ КОВИД ТЕСТОВИТЕ ДОБИ НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМА

    СО ДОНАЦИЈА ОД АМБАСАДАТА НА САД ЛАБОРАТОРИЈАТА КАДЕ СЕ ПРАВАТ КОВИД ТЕСТОВИТЕ ДОБИ НАЈСОВРЕМЕНА ОПРЕМАЛабараторијата на Институтот каде се прават ковид тестовите доби биосигурност ниво 3, со што е единствена во нашата земја.-Министерот Филипче и амбасадорката Брнз во посета на Институтот за јавно здравје. (Фото: Министерство за здравство)

    Со донација од амбасадата на САД, Институтот за јавно здравје доби кабинет со најсовремена опрема. Лабораторијата на Институтот каде се прават ковид тестовите доби биосигурност ниво 3, со што е единствена во нашата земја.

    „Во лабораторијата на ИЈЗ, од почетокот на пандемијата немаше ниту еден инфициран вработен здравствен работник и строго се придржуваат до сите стрикни протоколи. Благодарение на амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа. Во оваа лабораторија, во која беа извршени првите тестови за коронавирусот и кон која, беше најголемиот притисок од пациенти од целата држава, започнаа да прави по 20 тестови на ден, а сега се прават и по 1.200 тестирања“, рече министерот.

    Амбасадорката Кејт Мари Брнз рече дека дополнителните капацитети добиени со ова реновирање доаѓаат како резултат на неверојатната соработка меѓу Канцеларијата за соработка во одбраната на Соединетите американски држави, Министерството и Институтот.

    „Работевме заедно, чекор по чекор, за да обезбедиме навремени одлуки за клучни проекти што ќе помогнат во подобрувањето на можностите за тестирање на оваа земја. Горда сум што можеме да ги видиме резултатите од научната соработка помеѓу Институтот и Центрите за контрола на болести во САД, за обезбедување обука и опрема, како овде денес така и во дневните извештаи од Министерството за здравство“ рече Брнз.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира