СО НОСИТЕЛИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА, АМБАСАДОРКАТА ХОЛШТАЈН И ГРАЃАНИТЕ ГО ПРОСЛАВИЈА 30-ГОДИШНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИ

    СО НОСИТЕЛИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ГЕРМАНСКИ ПРОЕКТИ ВО МАКЕДОНИЈА, АМБАСАДОРКАТА ХОЛШТАЈН И ГРАЃАНИТЕ ГО ПРОСЛАВИЈА 30-ГОДИШНОТО ПРИЈАТЕЛСТВО НА ДВЕТЕ ЗЕМЈИГерманија покрај САД, е нашиот најголем партнер и поддржувач. - Амбасадорката Анке Холштајн на денешната прослава (Фото: K. Попов)

    На прославата на јубилејот – 30 години германско-македонска интензивна соработка на сите полиња, амбасадорката Анке Холштајн кажа дека Германија продолжува да ја поддржува Македонија, а целта е да се движиме напред кон наша целосна евроатлантска интеграција. Прославата беше низ културно-забавна програма кај Школка во Градскиот парк, а организатор е Германската амбасада во Скопје.

    „Триесет години германско-македонска соработка, градење мостови меѓу нашите земји и нивните луѓе. Многубројните проекти се доказ за оваа соработка. Целта беше и целта е земјата да се движи напред на својот пат кон целосна евроатлантска интеграција, да има одржлив развој за подобар живот на луѓето во хармонија со природата и животната средина. Проектите се спроведени од различни германски учесници вклучително и од амбасадата, во најтесна координација и соработка со партнери во Северна Македонија на кои срдечно им благодариме за тоа“, кажа Холштајн.

    Прославата е низ културно-забавна програма кај Школка во Градскиот парк. (Фото: К. Попов)

    На одбележувањето беа и седуммина учесници од Германија во вредните проекти што се спроведуваат во нашата држава.

    „Седум од германските учесници се присутни денеска за да можете подобро да ги запознаете. ГЕТЕ институтот се залага за културна размена преку музиката, филмот и уметноста, и се разбира, за работата со нашиот тежок германски јазик. Германската служба за академска размена се грижи за размена во областа на образованието и студиските програми. Делегацијата на германското стопанство ги поддржува германските фирми во Северна Македонија и македонските фирми кои се активни или сакаат да бидат активни во Германија. Таа одржува широка мрежа. Нашите политички фондации ‘Конрад Аденауер’ и ‘Фридрих Еберт’ се грижат за политичкото образование и за почитување на демократијата. Кредитната банка за обнова, поддржува финансиски проекти за одржлив развој пред сè во областа на животната средина и енергијата. Друштвото за меѓународна соработка ГИЗ, пак, поддржува, планира и финансира разни проекти ориентирани кон иднината. ГИЗ ја спроведува Програмата за супер училишта кои на учениците од регионот им овозможува да се сретнат, да ги разбијат предрасудите и да создаваат пријателства и соживот во регионот“, набројуваше амбасадорката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира