СО ПРВА ДОЗА ВАКЦИНИРАНИ 150.000 ЛИЦА ПРОТИВ КОВИД-19, РЕВАКЦИНА ПРИМИЛЕ 25.000

    СО ПРВА ДОЗА ВАКЦИНИРАНИ 150.000 ЛИЦА ПРОТИВ КОВИД-19, РЕВАКЦИНА ПРИМИЛЕ 25.000Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513. (Фото: СДК.МК)

    Досега во земјава со прва доза се вакцинирани речиси 150.000 граѓани. Според податоците на Министерството за здравство, заклучно со вчерашниот ден се аплицирани 175.348 дози вакцини.  Од нив 149.700 лица имаат примено прва доза, а ревакцинирани се 25.648.

    Само во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани, од кои 13.751 примиле прва доза.

    Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513.

    Во моментов, вакцинацијата во земјава се одвива со вакцините на „Синофарм“ и „Фајзер“, а со руската „спутник“ се врши само ревакцинација. Во земјава вчера пристигнаа 6.000 дози од вакцината „АстраЗенека“ донација од Унгарија, а утре треба да стасаат 38.400 преку Ковакс механизмот.

    Од Министерството за здравство велат дека во моментов работат на утврдување начин за пријавување за равакцина во земјава на лицата кои прва доза примиле во Србија. Според податоците од српското министерство за здравство, околу 15.000 граѓени се вакцинирани во Србија, а најголем дел од нив со вакцината на „АстраЗенека“. Од Министерството остануваат на ставот дека оваа вакцина можат да ја примат само лица над 60 години и додаваат дека само тие ќе можат да се пријават за ревакцина во земјава, останатите ќе треба повторно да одат во Србија.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира