СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ, ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ИЗБРАНА ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

    СОБРАНИЕТО ЈА ИЗГЛАСА ЗАВРШНАТА СМЕТКА НА БУЏЕТОТ, ЦВЕТАНКА ИВАНОВА ИЗБРАНА ЗА НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАРЗавршната сметка на Буџетот за 2016 беше изгласана по маратонската дводневна расправа која синоќа заврши во 3.30, а денеска почна во 13 часот, во која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ си реплицираа еден на друг (Фото:Ѓ. Личовски)

    Со 58 гласа „за”, Собранието донесе одлука за именување на Цветанка Иванова за собраниски Генерален секретар. Претходно, по маратонската целодневна расправа која синоќа заврши во 3.30, а денеска почна во 13 часот и во која пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ си реплицираа еден на друг, едногласно ја донесе Завршната сметка на Буџетот за 2016 година.

    Цветанка Иванова беше пратеничка на СДСМ од 2002 до 2014 како и координатор на пратеничката група на СДСМ во 2010. Беше активна и на протестите на Шарената револуција (Фото: СДК.МК)

    Со тоа, нешто по 18 часот, претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина денешната работа на Собранието кое заседаваше на 8-та седница. Дополнително ќе ги извести јавноста и пратениците кога ќе закаже продолжение на некоја од прекинатите седници.

    Не се знае дали утре ќе има продолжение на шестата седница за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

    Од понеделник ребалансот на Буџетот влегува во Собранието на комисиска расправа и 10 дена нема да има пленарни седници.

    Цветанка Иванова беше пратеник на СДСМ во периодот од 2002  до 2014 како и координатор  на пратеничката група на СДСМ во 2010. Беше активна и за време на протестите на Шарената револуција, како и за време на објавувањето на “бомбите“ од лидерот на СДСМ Зоран Заев. Иванова посебно предизвика внимание во јавноста во пратеничкиот мандат во 2012, кога од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ беше обвинета дека Иванова ја нападнала и ѝ го скршила „ноктето“ за време на жестоката расправа на Собраниската Комисија за финансирање и буџет  во декември 2012 година.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира