СОБРАНИЕТО ОБЕДИНЕТО ЈА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА

    СОБРАНИЕТО ОБЕДИНЕТО ЈА УСВОИ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈАУсвојувањето на резолуцијата беше проследено со аплауз на пратениците од власта и од опозицијата. (Фото: Собраниски канал/принтскрин)

    Со 95 гласа „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“, Собранието денеска ја усвои резолуцијата за одредување на црвени линии во преговорите со Бугарија, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.

    Официјалното име на усвоениот документ е Резолуција за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, и со него се обврзува Владата во преговорите со Бугарија за надминување на бугарската блокада за почеток на пристапните преговори со ЕУ да се почитува континуитетот на македонскиот јазик и неговите дијалекти, како и да се почитува автохтоноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, сето тоа базирано на сознанија на науката и утврдените факти, теории и истражувања и почитување на меѓународното право.

    Пред гласањето за резолуцијата, пратениците од мнозинството изгласаа амандман, со кој се вметнува уставното име во текстот на резолуцијата.

    „Ова нека биде појдовна атмосфера за продолжување на работата на Собранието, со ваква слика, обединети од денес натаму. Оваа слика да зрачи во работата на законодавниот дом во име на граѓаните кои ни го дадоа гласот“, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери по гласањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира