СОПАТНИЦИТЕ ОД КОМБЕТО НА МАКЕДОНКАТА СО КОРОНАВИРУС КОНТАКТИРАЛЕ САМО СО СЕМЕЈСТВАTA И ОСТАНУВААТ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    СОПАТНИЦИТЕ ОД КОМБЕТО НА МАКЕДОНКАТА СО КОРОНАВИРУС КОНТАКТИРАЛЕ САМО СО СЕМЕЈСТВАTA И ОСТАНУВААТ ВО ДОМАШНА ИЗОЛАЦИЈА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕПациентката која се лекува на Инфективната клиника во Скопје се чувстува добро, има лесна форма на клиничка слика, нема знаци дека има некакви компликации и се лекува во одделот за изолација, рече министерот за здравство Венко Филипче. (Фото: К. Попов)

    Деветмината патници кои се возеле во комбето со 50-годишната Македонка заразена со коронавирус немале контакти со големи маси на луѓе, освен со семејствата и тоа во куќите во кои живеат и во своите дворови и остануваат во соодветна домашна изолација, рече министерот за здравство Венко Филипче.

    Пациентката која се лекува на Инфективната клиника во Скопје се чувствува добро, има лесна форма на клиничка слика, нема знаци дека има некакви компликации и се лекува во одделот за изолација.

    „Исконтактирани се сите патници од комбето и кај сите е препишана соодветна домашна изолација во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР). Направен е контакт со сите контакти кои ги имале патниците, телефонски се исконтактирани сите и им е укажано дека треба да почекаат денеска да бидат контактирани, како од екипите на епидемиолозите така и од припадниците на МВР. Кај дел ова интервју е веќе завршено. Во 13 часот имаме состанок со Управувачкиот комитет на Центарот за управување со кризи, каде заедно со МВР ќе се договориме дали согласно условите за продолжување на изолацијата, а по укажување стручно на МВР ќе продолжи домашната изолација или овие лица ќе бидат преместени во претходно утврдените центри на инфективните одделенија во Велес, Гостивар и Штип“, кажа Филипче.

    Министерот додаде дека синоќа на Инфективната клиника во Скопје, неврзано од случајот со 50-годишната жена, дошле да се тестираат уште две лица. Едниот е маж кој возел камион во Северна Италија и тестот кај него е негативен. Другото лице е жена која била на кратка прошетка во Рим со својот сопруг.

    „Кај неа тестот за коронавирус во 1/3 е само парцијално позитивен и затоа се прави дополнително тестирање на широка палета вируси и ќе ја известиме јавноста , рече Филипче.

    Министерството за здравство по два часа информираше дека тестот за втората пациентка е негативен за коронавирус.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари