СОПРУЖНИЦИТЕ СО КОРОНАВИРУС ОД ИТАЛИЈА ПАТУВАЛЕ СО 40 ПАТНИЦИ, СИТЕ СЕ НАЈДЕНИ И ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИ

    СОПРУЖНИЦИТЕ СО КОРОНАВИРУС ОД ИТАЛИЈА ПАТУВАЛЕ СО 40 ПАТНИЦИ, СИТЕ СЕ НАЈДЕНИ И ЌЕ БИДАТ ТЕСТИРАНИФилипче рече дека се идентификувани сите патници кои патувале со сопружниците, и во текот на денот или утре ќе бидат тестирани.(Фото: K. Попов)

    Сопружници од Дебар на возраст од 62 и 68 години се двајцата нови позитивни случаи на кооронавирус, кои вечерва ќе бидат пренесени на Инфективната клиника во Скопје, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

    Тие патувале од Бреша, Италија и влегле во земјава на 27 февруари со автобус на граничниот премин Табановце, во кој имало 40-тина патници кои се симнувале во Куманово, Скопје и во Дебар. Првите симптоми на настинка ги добиле на 2 март кога се јавиле на матичниот лекар во Дебар. Тој не препознал индикации да се направи тестот за коронавирусот. Денеска повторно се јавиле во болницата во Дебар и дошол доктор од Гостивар, кој ги востановил симптомите и биле тестирани за коронавирус. Сопружниците кажале дека немале никакви контакти освен со братот на жената, и епидимеолозите  ќе одлучат дали ток ќе биде ставен само тој во карантин или целото негово семејство. Нивната состојба е стабилна.

    Филипче рече дека заедно со МВР се идентификувани сите патници кои патувале со сопружниците, и во текот на денот или утре сите ќе бидат тестирани.

    Владата одлучи до 13 март да се продолжи препораката за ограничување на поголеми јавни собири и настани со гости од странство како и препораката спортските натпревари да се одржуваат без публика поради ширењето на коронавирусот низ Европа.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира