СТРАНЦИТЕ ПАК РАЗОЧАРАНИ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ, НО НЕ САКАМЕ ЛУЃЕТО ДА СТРАДААТ

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:400:"ЕднооднајгорливитепрашањазамеѓународитепретставнициекакосегаќеработиСпецијалнотојавнообвинителство?Прво,аболицијанееповлечена,асегапакдополнителноесоздаденпроблемотиСДСМвеќенеевовладата";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРАНЦИТЕ ПАК РАЗОЧАРАНИ: ИМАМЕ РЕШЕНИЕ, НО НЕ САКАМЕ ЛУЃЕТО ДА СТРАДААТ

    Meѓународната заедница е разочарана оти пак се враќа процесот од пред договорот во Пржино, како лани во април. Со враќањето на Митко Чавков и Диме Спасов за министри за внатрешни работи и за труд и социјала сега се отвора нов проблем.

    „Меѓународната заедница цело време инсистира да се исполни договорот од Пржино и сега бараме начин како да го спасиме“, вели неофицијално висок европски дипломатски извор, кој сака да остане анонимен во оваа фаза на дипломатско барање решение за македонската политичка криза и додава:  „Имаме решение во џебот, но не сакаме да го извадиме, не сакаме луѓето да страдаат. Ќе пробаме сѐ да ја вратиме земјата на евроатлантскиот пат“.

    Не е исклучено денеска повторно претставници на меѓународната заедница која е гарантор на договорот од Пржино да се јават со нови остри изјави.

    „Таман помисливме дека работите ќе почнат да се движат напред, се случи аболицијата од 12 април. Македонија продолжи да си го губи времето оти потегот на Иванов целосно ги дефокусираше нашите ангажмани за спроведување на договореното од Пржино“, вели нашиот извор и додава: „Не е доволно само да се дава јавна поддршка на Катица Јанева. Треба да се отповика аболицијата за да може и народот во Македонија, но и ние од странство што ја поддржуваме Македонија да видиме ефект од истрагите на Специјалното обвинителство“.

    Едно од најгорливите прашања за нив е како сега ќе работи Специјалното јавно обвинителство (СЈО)? Прво, аболиција не е повлечена, а сега пак дополнително е создаден проблем оти СДСМ сега не е во влада, а и тоа е значаен дел договорот од Пржино.

    И САД и ЕУ вчера ги повикаа партиите да дадат целосна поддршка на работата на Специјалното обвинителство и побараа итно повлекување на одлуката за аболиција на претседателот Иванов од 12 април. Тој потпиша помилување за 56 политичари и нивни соработници кои се можни осомничени или за нив се води предистражна постапка за кривични дела за кои е надлежно токму обвинителството на Јанева. По смртта на Коста Крпач излезе дека претседателот за секој случај помилувал и сведоци во постапки кои би биле од интерес на СЈО.

    “Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза“, порачаа вчера од САД преку соопштението од амбасадата во Скопје.

    Специјалниот пратеник за Македонија на германското Министерство за надворешни работи, Јоханес Хајндл денеска попладне доаѓа во Скопје на средба со претседателот Ѓорге Иванов. Германската амбасада во Скопје вчера соопшти дека ова е „надоврзување на неговата посета од минатата недела“, но и дека покрај разговори со партиите-потписнички на Договорот од Пржино како и со претставници на меѓународната заедница овој пат се предвидени и разговори со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

    Хајндл минатата недела пред средбите со политичките лидери соопшти дека е дојден да сослуша и дека потоа на следната посета, во координација со ЕУ и САД, ќе излезе со конкретни предлози за решавањето на политичката криза, која се продлабочи откако претседателот Ѓорге Иванов помилува политичари и нивни соработници.

    ЕУ и САД вчера во остри соопштенија ја поздравија одлуката на Уставниот суд со која на Собранието му се отвори повторно да се собере и да ја отповика одлуката за предвремените избори на 5 јуни, но рекоа дека тоа не е доволно за излез од политичката криза. Во двете соопштенија беше побарано итно поништување на помилувањата од 12 април за да се зачува начелото на одговорност, да се избегне селективна примена на правдата и да се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста.

    „Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот“, стои во сооопштението од амбасадата на САД и во заедничката изјава на потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан.

    И генералниот секретар на НАТО вчера, како што јави Ројтерс ја предупреди Македонија да не дозволи политичката криза да и ги урне надежите за влез во Северноатлантската алијанса.

    „Вратата на НАТО e сè уште отворена, но особено е важно лидерите во земјата да се справат со проблемот на владеењето на правото, а тука спаѓа и повлекувањето на неодамнешното помилување кое го даде претседателот“, изјавил Столтенберг.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари