СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ НАЈКОРУМПИРАНИ СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА МЦМС

    СУДИИТЕ И ОБВИНИТЕЛИТЕ НАЈКОРУМПИРАНИ СПОРЕД ИЗВЕШТАЈОТ НА МЦМССпоред извештајот за 2017 година, на 36,3 отсто од граѓаните им било побарано мито, што претставува зголемување во споредба со 2016 година.Од денешната презентација на извештајот за перцерција на корупцијата изработен од МЦМС (Фото: Г. Трпеноски)

    На прво место по корупција се судовите и обвинителството, а на второ место докторите и вработените во администрацијата, стои во извештајот за проценка на корупцијата во Македонија во 2017 година. Анализата е изработена од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)

    Во извештајот е наведено дека тројца од четворица граѓани, сметаат дека најкорумпирани се судството, обвинителството, здравството, а пак 65 отсто од испитаниците навеле дека корумпирани се и пратениците, министрите, лидерите на политичките партии. Граѓаните, според извештајот, се песимисти дека корупцијата ќе се намали.

    „Сè уште има голема неказнивост. Минатата година има само 145 лица осудени и тоа за мала корупција. Мислам дека тоа треба повидливо да се промени. Кога ќе почне да се казнува повеќе, ќе стане јасно дека тоа е недозволиво однесување“, рече Александар Кржаловски од МЦМС, на денешната презентација на извештајот за перцепција на корупцијата.

    Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вети дека како Влада ќе се залагаат за целосно искоренување на корупцијата.

    „Ние ќе се залагаме за нула толеранција кон корупцијата. Јас лично ќе ги поддржам сите овие процеси“, изјави Анѓушев.

    Според извештајот за 2017 година, на 36,3 отсто од граѓаните им било побарано мито, што претставува зголемување во споредба со 2016 година.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира