СУДИЈАТА ЗОРАН ТЕОФИЛОВСКИ, КОГО ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА 24 ЧАСА, САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО КРИВИЧНИОТ СУД

    СУДИЈАТА ЗОРАН ТЕОФИЛОВСКИ, КОГО ПОЛИЦИЈАТА ГО БАРА 24 ЧАСА, САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО КРИВИЧНИОТ СУДЧленот на Судскиот совет Теофиловски, е првоосомничен во истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, при што уапсени беа пет службени лица од Општина Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Судијата од Апелациониот суд Гостивар и член на Судскиот совет Зоран Теофиловски, по 24 часа бегство, утринава самиот се пријавил кај судијата Седат Реџепагиќ во Основниот суд Скопје 1. Обвинителството за организиран криминал и корупција вчера отвори истрага за нелегална приватизација и легализација на државен имот во Тетово, при што уапсени беа пет службени лица од Општина Тетово.

    Теофиловски, кој е првоосомничен, полицијата не го најде дома. Беше најавено и распишување потерница по него.

    Обвинителството бараше притвор за сите пет лица, а судијата Реџепагиќ им одреди куќен притвор. Групата, на чело со судијата Теофиловски, со серија незаконски дејства  го оштетила државниот Буџет за 860.000 евра.

    Теофиловски за барањето  на обвинителот за притвор од 30 дена, се повикал на судискиот имунитет. Судијата со писмо го известил Судскиот совет, кој треба веднаш да одржи седница и со гласање да биде одлучено за имунитетот, т.е. за притворот на нивниот колега, осомничен за потежок криминал.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира