Предлогот на обвинителката Лиле Стефанова за одземање на имот на фирмата „ССИ инвестмент“, на чие име гласат трите апартмана на Никола Груевски во „Панорама резиденс“ што според обвинителството ги истрампал за плацевите на Водно по објавувањето на бомбите кога се дозна дека барал плацеви и дека ги менувал ДУП-от и ГУП-от за себе, денеска судот го прифати.
Се работи за: стан од 155 метри квадратни со 95 метри квадратни помошни простории, стан од 199 метри квадратни со 48 квадрати балкон и стан од 200 метри квадратни со 48 квадрати балкон.
Вредноста на овие недвижнини е 660 илјади евра.
- АКО ГО ПРИФАТИ СУДОТ РАЗГОВОРОТ ШТО ГО СНИМАЛ ГРУЕВСКИ СО КАМЧЕВ, ТОГАШ ДА СЕ ПРИФАТИ И РАЗГОВОРОТ ВО КОЈ СЕ ФАЛИ ДЕКА НАШОЛ ЗЕМЈИШТЕ ЗА ЏАБАЛ’К, КАЖА ОБВИНИТЕЛКАТА СТЕФАНОВА НА „ПЛАЦЕВИ НА ВОДНО“
- МИЈАЛКОВ МИ ПОБАРА ФИРМА ЗА ДА СЕ ПРЕФРЛИ ИМОТ НА ГРУЕВСКИ, ЈАС СУМ СОПСТВЕНИК САМО НА ХАРТИЈА, СВЕДОЧЕШЕ ЗЕТОТ НА КАМЧЕВ ЗА ПЛАЦЕВИТЕ И СТАНОВИТЕ НА ВОДНО
- ГРУЕВСКИ ГИ ЗАМЕНИ ПЛАЦЕВИТЕ НА ВОДНО СО ТРИ СТАНА ВО „ПАНОРАМА РЕЗИДЕНС“ ОД 750 КВАДРАТА, СВЕДОЧЕШЕ КАМЧЕВ
Привремената мерка на замрзнување на имотот ќе биде спроведена веднаш. Ќе трае до правосилност на пресудата за предметот „Плацеви на Водно“. Доказната постапка за предметот заврши денеска. Завршните зборови се закажани за 12 април, по што ќе биде објавена пресудата.
С. К. ДЕЛЕВСКА