ТИЕ НА СИЛА ШТО СЕДАТ ВНАТРЕ МОЖЕ НА СИЛА И ДА ИЗЛЕЗАТ, СЕ СЛУШААТ ГОВОРИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ БЕТМЕН И ДАМОВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    ТИЕ НА СИЛА ШТО СЕДАТ ВНАТРЕ МОЖЕ НА СИЛА И ДА ИЗЛЕЗАТ, СЕ СЛУШААТ ГОВОРИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ БЕТМЕН И ДАМОВСКИ НА СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛОбвинетите Богдан Илиевски Бетмен и Борис Дамовски, водачи на иницијативата „За заедничка Македонија“, која беше организатор на протестите пред Собранието. (Фото: СДК.МК)

    „Ова е окупација, мора да го ослободиме Собранието. Викајте што повеќе луѓе, роднини, деца, се решава судбината на Македoнија. Ова ќе биде долга ноќ!“, се слушаа во судницата на Основниот суд Скопје 1 говорите на обвинетиот Борис Дамовски, кои беа мотив толпата да влезе и да го нападне Собранието на 27 април лани. Всушност, според обвинението, со цел покрај нив, да влезат маскираните напаѓачи кои во исто време, додека траат говорите, се спремаат во ресторанот „Дион“ за да влезат со граѓаните.

    Уште порадикален од Дамовски кон граѓаните пред Собранието е Богдан Илиевски-Бетмен, и двајцата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, заедно со уште 31 друго лице.

    „Нема да си одиме оттука, дури не си одат тие оттука. Граѓаните мора да го одбранат Собранието од тие што му мислат лошо. Тие на сила што седат внатре може на сила и да излезат“, покажува Илиевски кон Собранието и ја споменува т. н. Тиранска платформа, по што граѓаните излегуваат од контрола.

    Се тргнува кон Собранието, а меѓу нив се протнуваат еден по еден од групата од ресторанот „Дион“, но сега со маски, фантомки.

    Обвинителката Ивана Трајчева ги замрзнува снимките. Еден по еден маскиран обвинет, ги идентификува по облеката со која претходно ги опиша на снимките во „Дион“, кога беа без маски.

    Толпата и маскираните притискаат, но тешките собраниски врати не може да ги отворат на досега прикажаните снимки.

    Судењето е во тек.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира