Владата на денешната седница прогласи тридневна жалост на територијата на целата држава, за автобуската несреќа која рано утрово се случи во Бугарија и во која загинаа 45 патници, а 7 лица се повредени.
За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември, а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.
Се одложуваат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.