ЦЕЛ БЕНЗИН НА МВР ГО ПОТРОШИВМЕ ЗА ИЗБОРИ, КАПКА НЕМАМ ВИШЕ, МУ СЕ ЖАЛИ ЈАНКУЛОСКА НА СТАВРЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“

    ЦЕЛ БЕНЗИН НА МВР ГО ПОТРОШИВМЕ ЗА ИЗБОРИ, КАПКА НЕМАМ ВИШЕ, МУ СЕ ЖАЛИ ЈАНКУЛОСКА НА СТАВРЕСКИ ВО БОМБИТЕ ЗА „ТИТАНИК“„Ќе имаме проблем, ама ете ќе ги ставиме сите луѓе во единицата за посебни потреби и ќе патролираат во ромското маало во Струмица",вели обвинетата ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во продолжение на бомбите за серија изборни нерегуларности во случајот „Титаник“ на СЈО, што се слушаат денеска во Кривичниот суд (Фото: СДК.МК)

    „Луѓе од МВР има во Струмица, бензин нема. Ни коли нема, при крај се тие секако. Бензин нема нигде. Сè што имавме, потрошивме. А зошто немаат, во избориве потрошивме многу. Не само во Струмица, туку насекаде. По 20 литри на полициска станица им даваме и нема. Штедиме, испотрошивме сè, кај да им најдам бензин на Струмица. Инспекторите на увид одат пешки или со приватни коли”, му се жали обвинетата ексминистерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на вицепремиерот Зоран Ставрески во продолжение на бомбите за серија изборни нерегуларности во случајот „Титаник“ на СЈО, што се слушаат денеска во Кривичниот суд.

    Но, Јанкулоска ги теши обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески и Ставрески дека луѓе од МВР има за петти јуни 2011 година за денот на гласањето за парламентарни избори.

    „Ќе имаме проблем, ама ете ќе ги ставиме сите луѓе во единицата за посебни потреби и ќе патролираат во ромското маало во Струмица”, им вели Јанкулоска.

    Денеска во „Титаник“ во Кривичниот суд доминираат бомби меѓу дел од обвинетите за битката за Струмица.

    Во еден момент секретарката му вика на Јанакиески: „Министре, на телефон е Зоран Илиев, инспектор од СВР Струмица кој може да влијае на 50-ина гласачи”.

    Полицискиот инспектор Илиев и Јанакиески се слушаат и овој му се нуди и гарантира дека 50 души ќе ги натера да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира